ИД ЈА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТА ЗА НАПАДОТ СО СЕКИРА ВО ГЕРМАНСКИОТ ВОЗ

a:1:{s:9:"td_source";s:28:"Вирцбург,(МЕТА)

    ИД ЈА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТА ЗА НАПАДОТ СО СЕКИРА ВО ГЕРМАНСКИОТ ВОЗ

    Седумнаесетгодишниот Авганистанец кој со секира нападна луѓе во воз во Германија, бил припадник на Исламска држава, соопштија од ИД.
    Портпаролот на германската полиција претходно изјави дека напаѓачот за време на нападот извикувал „Алаху акбар“, а кај него било пронајдено рачно изработено знаме на ИД. Припадниците на безбедносните сили го убија напаѓачот.
    Авганистанецот дошол пред две години во Германија како малолетник, без придружба, и во март годинава поднел барање за азил.
    Тој живеел во дом за тинејџери бегалци до пред две недели, кога бил сместен во згрижувачко семејство.
    Тројца патници добија тешки повреди и се во критична состојба. Едно лице е полесно повредено, а 14 се хоспитализирани поради преживеан шок.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари