ИНДИЈА НА ВТОРО МЕСТО ПО СМРТНОСТ СО 303.720 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19

    ИНДИЈА НА ВТОРО МЕСТО ПО СМРТНОСТ СО 303.720 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19Иако бројката на новозаболени почна да паѓа во поголемите градови, сѐ уште е висока во сиромашните делови од земјата. (Фото: АП)

    Индија пријави 303.720 илјади починати од почетокот на коронакризата и со тоа е на второ место по смртност од ковид-19 во светот, по САД. Министерствтото за здравство регистрираше 4.454 починати во изминатите 24 часа, и 222.315 нови позитивни, со што вкупно во земјата има речиси 27 милиони ковид дијагностицирани.

    Иако бројката на новозаболени почна да паѓа во поголемите градови, сѐ уште е висока во сиромашните делови од земјата. Индија влегува со 8.6 отсто смртни случаи од вкупните светски 34.7 милиони, иако се верува дека вистинските бројки се многу поголеми.

    Земјата сѐ уште се соочува со бавно темпо на вакцинација, а исто така, она што ги загрижува лекарите е тоа што кај ковид пациентите се појави ретка габична инфекција.

    Индија се соочува со криза во здравствениот систем, со оглед на тоа дека во Њу Делхи пациентите умираа дома, поради недостиг на кислород во болниците. Во Мумбај умираа по ходници, а пак во сиромашните делови, умираа од треска уште пред да бидат тестирани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира