ИНДИСКИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТ СОЗДАВА ГЛОБАЛНА ЗАГРИЖЕНОСТ, ВЕЛИ СЗО

    ИНДИСКИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТ СОЗДАВА ГЛОБАЛНА ЗАГРИЖЕНОСТ, ВЕЛИ СЗОГолем број ковид пациенти во Индија умираат поради недостиг на кислород во болниците (Фото: Ројтерс)

    Светската здравствена организација го прогласи индискиот сој на коронавирусот за варијанта која предизвикува глобална загриженост. Научниците веруваат дека токму овој сој е одговорен за последното големо смртоносно ширење на заразата во Индија, каде што болниците се соочуваат со недостиг на лекови, кислород и кревети.

    СЗО вели дека прелиминарните истражувања покажуваат дека мутацијата Б.1.617 се шири полесно од останатите варијанти, но ова ќе треба дополнително да се испита. Таа досега е регистрирана во повеќе од 30 држави.

    Ваква квалификација од СЗО претходно добија и варијантите откриени во Велика Британија, Бразил и Јужна Африка.

    „Варијантата Б.1.617 содржи две клучни мутации на надворешниот шилец на вирусот, што се прицврстува на човечките клетки“, изјави индискиот вирусолог Шахид Џамил.

    Индија вчера регистрираше 366.161 нов случај на коронавирус и 3.754 починати, што е под досегашните рекорди, но експертите веруваат дека реалните бројки се далеку поголеми.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира