ИРАН ПОДГОТВИЛ 13 ПЛАНОВИ ЗА ДА ГО ОДМАЗДИ ГЕНЕРАЛОТ СОЛЕЈМАНИ, КОЈ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН ВО РОДНИОТ ГРАД

    ИРАН ПОДГОТВИЛ 13 ПЛАНОВИ ЗА ДА ГО ОДМАЗДИ ГЕНЕРАЛОТ СОЛЕЈМАНИ, КОЈ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН ВО РОДНИОТ ГРАДИлјадници Иранци се собраа во Керман, родниот град на Солејмани, за неговиот погреб денеска. (Фото: АП)

    Лидерот на Иранската револуционерна гарда Хосеин Салами се закани дека ќе ги уништи местата поддржани од САД како одмазда за убиството на најмоќниот ирански генерал Касем Солејмани во американски воздушен напад во петокот.

    Откако милиони Иранци во изминатите денови излегоа на улица за да му оддадат почит на Солејмани, тој денеска ќе биде погребан во родниот град Керман, каде што присутните почнаа да извикуваат „Смрт на Израел!“ кога Салами ги изрече своите закани на централниот плоштад.

    САД го обвинуваа Солејмани за смртта на американски војници во Ирак и за планирање на нови напади, додека во Иран, тој важеше за втор најмоќен човек и национален херој.

    „Сега како маченик, Солејмани претставува уште поголема закана по непријателите на Иран. Ние ќе се одмаздиме. Ќе ги уништиме каде и да се наоѓаат“, кажа Салами.

    Али Шамкаи, секретарот на Врховниот совет за национална безбедност, изјави дека Иран разгледува 13 планови за одмазда на Солејмани и дека и најслабиот од нив ќе биде „историски кошмар“ за САД. Иранскиот парламент итно донесе закон со кој американската воена команда во Пентагон и оние кои работат за нив ги прогласи за терористи.

    Пентагон ја смета Иранската револуционерна гарда за терористичка организација и тоа го искористи како оправдување за убиството на Солејмани. Сепак, Пентагон се огради од најавите на Доналд Трамп дека САД ќе бомбардираат историско-културни споменици на Иран при евентуална ескалација на односите со Техеран.

    „САД ќе ги следат правилата на вооружен конфликт и нема да напаѓаат културни цели“, изјави министерот за одбрана Мајк Еспер.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира