ИРАНСКИОТ РЕЖИСЕР ЏАФАР ПАНАХИ Е ОСЛОБОДЕН ОД ЗАТВОР ДВА ДЕНА ПО ШТРАЈКОТ СО ГЛАД

    ИРАНСКИОТ РЕЖИСЕР ЏАФАР ПАНАХИ Е ОСЛОБОДЕН ОД ЗАТВОР ДВА ДЕНА ПО ШТРАЈКОТ СО ГЛАДПанахи со сопругата Тахерех Саиди на излегување од озлогласениот затвор Евин во Техеран. (Фото: Тахерех Саиди)

    Наградуваниот ирански режисер Џафар Панахи е ослободен од затвор со кауција, два дена откако штрајкуваше со глад поради затворската казна во озлогласениот затвор Евин во Техеран. Панахи (62) беше уапсен минатиот јули кога протестираше против притворањето на двајца колеги филмки режисери, кои беа критички настроени кон властите.

    Неговата сопруга Тахерех Саиди изјави дека му било кажано оти треба да одлежи затворска казна. Таа рече дека неговото притворање – неколку месеци пред да избијат тековните антивладини протести – било киднапирање.

    Панахи е добитник на многу награди на меѓународни филмски фестивали, меѓу кои и Златната мечка на Берлинале за „Такси“ во 2015, како и наградата за најдобро сценарио на Канскиот филмски фестивал за „Три лица“ во 2018.

    Панахи протестираше против притворањето на филмските режисери Мохамад Расулоф и Мостафа Ал-е Ахмад, кои беа уапсени поради објави на социјалните мрежи во врска со уривањето на 10-катната зграда во градот Абадан минатиот мај, кога загинаа надд 40 луѓе. Тие беа обвинети за „поттикнување немири и нарушување на психолошката безбедност на општеството“, објавија државните медиуми на Иран.

    Директорот на фестивалот во Кан, Тиери Фремо, изрази „големо олеснување“ поради ослободувањето на Панахи.

    „Не ги забораваме сите оние, во Иран и ширум светот, кои се подложени на насилство и репресија“, изјави Фремо. „Канскиот филмски фестивал секогаш ќе остане покрај уметниците од целиот свет во одбрана на слободата“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира