ИРСКА ГО ДОБИ ПРВИОТ ГЕЈ ПРЕМИЕР

    ИРСКА ГО ДОБИ ПРВИОТ ГЕЈ ПРЕМИЕРЛео Варадкар, син на индиски имигрант, кој се откри дека е хомосексуалец во 2015, е и најмладиот лидер на земјата (Фото: Ројтерс)

    Синот на индиски имигрант, кој се откри дека е хомосексуалец  во 2015, ќе биде новиот премиер на Ирска, откако е избран за претседател на најголемата владејачка партија во земјата. Победата на  Лео Варадкар на партискиот избор што се одржа синоќа, откако минатиот месец актуелниот премиер Енда Кени даде оставка, е уште еден значаен чекор напред за еднаквост во земјата, по референдумот за хомосексуални бракови во 2015.

    Освен што ќе стане првиот геј премиер на Ирска, Варадкар (38), е и најмладиот лидер на земјата, и првиот со потекло од едничките малцинства. Неговата функција ќе се потврди подоцна овој месец, кога парламентот продолжува со работа по паузата.

    Варадкар се соочи со поголем предизвик од очекуваниот на изборите во централно-десничарската партија Фајн Гал од неговиот ривал Сајмон Конвеј. Ирскиот министер за домување Конвеј роден воКорк, е многу популарен во базата на партијата, особено во повеќе конзервативни, рурални делови.

    Говорејќи откако беа преброени гласовите во Даблин, Варадкар  изјави дека е воодушевен, понизен и почестен со победата. Конвеј се пошегува дека барем неговите деца ќе бидат задоволни дека тој загубил.

    Татко му на Варадкар, Ашок, кој е од Мумбај, ја запознал мајка му, Ирката Миријам, додека обајцата работеле во англиската болница во Сло во 1960-те.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира