ИРЦИТЕ ИЗГЛАСАА ДА СЕ СМЕНАТ СТРОГИТЕ ОДРЕДБИ ЗА АБОРТУС, ПРЕМИЕРОТ НАЈАВИ НОВ ЗАКОН ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

    ИРЦИТЕ ИЗГЛАСАА ДА СЕ СМЕНАТ СТРОГИТЕ ОДРЕДБИ ЗА АБОРТУС, ПРЕМИЕРОТ НАЈАВИ НОВ ЗАКОН ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТАНа рефендумот 69,4 отсто од граѓаните гласале дека сакаат се укине Осмиот амандман на Уставот донесен 1983 година, со кој прекин на бременоста се дозволува само кога е загрозен животот на мајката (Фото: Ројтерс)

    Граѓаните на Ирска се изјаснија дека сакаат промена на строгите одредби за абортус. На рефендумот 69,4 отсто од граѓаните гласале дека сакаат се укине Осмиот амандман на Уставот донесен 1983 година, со кој прекин на бременоста се дозволува само кога е загрозен животот на мајката, но не и во случаи на инцест, силување или фатална абнормалност на плодот.

    Ирскиот премиер Лео Варадкар, кој водеше кампања во корист на либерализација на абортусот, откако беа објавени првите неофицијални резултати изјави дека граѓаните гласно кажеле дека треба да се укинат строгите одредби во уставот.

    „Луѓето се изјаснија. Тие рекоа дека ни е потребен модерен устав за модерна земја. Ова што го видовме на рефендумот е кулминација на мирната револуција што се случуваше во Ирска изминатите 20 години“, рече  Варадкар.

    Со успешноста на референдумот ќе се извршат законски промени со кои ќе биде дозволен абортус до 12-та недела од бременоста. Премиерот Варадкар се надева дека новиот закон за абортус ќе биде донесен до крајот на оваа година.

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира