ИТАЛИЈА ГИ ЗАТВОРА СИТЕ ШКОЛИ И УНИВЕРЗИТЕТИ ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ

    ИТАЛИЈА ГИ ЗАТВОРА СИТЕ ШКОЛИ И УНИВЕРЗИТЕТИ ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТИталијанската влада уште пред десетина дена ги затвори образовните институции во критичните подрачја во Северна Италија. (Фото: АНСА)

    Италија ќе ги затвори сите училишта и универзитети сѐ до средината на месецов, како мерка против ширењето на коронавирусот низ Европа, објави агенцијата АНСА.

    Агенцијата пренесува дека Владата ја донела одлуката по предлог на министерката за образование Лучија Ацолина, и дека официјално ќе биде соопштена во текот на денот.

    Италијанската влада ги затвори образовните институции во критичните подрачја во северна Италија уште пред десетина дена, и затвори повеќе градови во епицентарот на заразата.

    Последните информации се дека во Италија починале 79, а заразени се над 2.500 лица.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира