ИТАЛИЈА РАЗБИ САЈБЕР МРЕЖА КОЈА ПРОДАВАЛА ЛАЖНИ ЕУ КОВИД СЕРТИФИКАТИ И ВАКЦИНИ

    ИТАЛИЈА РАЗБИ САЈБЕР МРЕЖА КОЈА ПРОДАВАЛА ЛАЖНИ ЕУ КОВИД СЕРТИФИКАТИ И ВАКЦИНИСертификатот содржи кју-ар код, кој покажува дали лицето кое патува е целосно вакцинирано, дали неодамна прележал ковид-19 или пак има негативен тест. (Фото: Ројтерс)

    Италијанската полиција соопшти дека разбила 10 онлајн канали со криптирани пораки преку Телеграм кои продавале лажни дигитални ковид сертификати кои ги издава Европската Унија и потврди за примени вакцини против ковид-19, како и наводни вакцини.

    Истрагата, во соработка со Канцеларијата на обвинителот за сајберкриминал, откри дека илјадници лица биле подготвени да платат за фалсификвани сертификати. ЕУ во четвртокот почна да го издава дигиталниот ковид сертификат, со чија помош граѓаните ќе може да патуваат во 27-те земји на блокот.

    Сертификатот содржи кју-ар код, кој покажува дали лицето кое патува е целосно вакцинирано, дали неодамна прележал ковид-19 или пак има негативен тест. Цените за „ол инклузив“ пакет на лажен ковид пасош се движеле од 110 до 130 евра. Некои од купувачите биле надвор од ЕУ.

    „На каналите беа регистрирани околу 250 илјади корисници, а околу стотина се обиделе да стапат во контакт со продавачите“, вели Џанлука Берути, шеф на одделот за сајбер-измама во Милано.

    Не е јасно дали била продадени и вакцини, но полицијата кажа дека пронашле неколку лажни ковид-19 сертификати. Тие содржеле лажни податоци за идентификација, специјално изработен кју-ар код и сериски број на прва и втора доза на вакцина.

    Берути рече дека полицијата идентификувала повеќе осомничени, но одби да даде повеќе детали.

    „Сакаме да биде јасно дека секој што ќе биде фатен со лажен сертификат, вклучувајќи го и купувачот, ризикува да биде гонет за кривични дела казниви до шест години затвор, како што се измама и употреба на лажни документи“, рече Берути.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира