ИТАЛИЈА СО ПРАВНИ МЕРКИ ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ГИ ДОБИЕ ВЕТЕНИТЕ ВАКЦИНИ ОД „ФАЈЗЕР“ И „АСТРАЗЕНЕКА“

    ИТАЛИЈА СО ПРАВНИ МЕРКИ ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ГИ ДОБИЕ ВЕТЕНИТЕ ВАКЦИНИ ОД „ФАЈЗЕР“ И „АСТРАЗЕНЕКА“Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо. (Фото: Твитер)

    Италија ќе преземе правни мерки и ќе го зголеми притисокот во ЕУ против „Фајзер“ и „АстраЗенека“ поради доцнењата на испораките со вакцини против ковид-19, кажа италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо. Целта, вели тој, не е да се добие компензација, туку да се обезбедат количините на вакцини кои им биле ветени.

    „’Фајзер“ и ‘АстраЗенека’ не почитуваат Европски договор и од таа причина ќе преземеме правни мерки… Правиме напори нашата програма за вакцинација да не се промени“, изјави Ди Мајо за телевизијата „РАИ“.

    „Фајзер“ минатата недела соопшти дека привремено ќе ги забави испораките за Европа, додека не го зголеми производството. Во петокот, „АстраЗенека“ соопшти дека првичните испораки за Европа ќе бидат намалени, поради проблем со производството. Прашан зошто тој мисли дека фармацевтските компании биле принудени да ги намалат испораките, Ди Мајо кажа дека тие „загризале повеќе отколку што можат да џвакаат“.

    „Ние ги активираме сите канали за да може Европската комисија да направи сè што може да ги натера овие господа да ги почитуваат нивните договори“, кажа тој.

    Италија беше прва западна земја погодена од коронавирусот минатиот март и досега регистрираше 85.461 смртен случај.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира