ИТАЛИЈАНЦИТЕ ГЛАСААТ ДАЛИ ВЛАДАТА ДА БИДЕ ПОМОЌНА ОД ПАРЛАМЕНТОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:47:"Италија,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИТАЛИЈАНЦИТЕ ГЛАСААТ ДАЛИ ВЛАДАТА ДА БИДЕ ПОМОЌНА ОД ПАРЛАМЕНТОТ

    Граѓаните на Италија денеска на референдум одлучуваат дали ќе ги прифатат реформите во Уставот на земјата, кои предвидуваат концентрирање на власта во рацете на владата или, пак, ќе ги отфрлат промените и ќе го зачуваат својот посебен систем на демократски проверки и рамнотежа. Станува збор за една од најголемите институционални промени во Италија, откако земјата стана република во 1946 година.

    Од резултатот на референдумот ќе зависи и судбината на италијанскиот премиер Матео Ренци, кој претходно вети дека ќе си поднесе оставка ако не поминат реформите. Тоа би можело да доведе до политичка парализа во земјата, која ќе им овозможи на популистичките и на евроскептичните опозициски партии да дојдат на власт.

    Еве што сака да стори Ренци со реформите:

    • Да ја намали моќта на вториот дом на парламентот, Сенатот, кој во моментов е еднаков со Домот на пратениците
    • Да го намали бројот на сенатори од 315 на 100 и да му го одземе на Сенатот правото да гласа за доверба на владата
    • Членовите на Сенатот веќе да не се бираат на избори туку во него да членуваат 21 регионален градоначалник, 74 лидери на регионални совети и уште 5 члена што ќе ги избере претседателот
    • Реформистите велат дека ова ќе ги скрати трошоците за политика за 500 милиони евра годишно и ќе го забрза законодавството така што ќе го прекине деценискиот парламентарен пинг понг.

    Исходот од референдумот е неизвесен бидејќи голем дел од гласачите во земјата се неодлучни, иако последните анкети покажуваат дека ќе победи гласот против реформите.

    Според Ренци, реформите ќе го подобрат процесот на донесување одлуки и на Италија, која од 1946 година смени 63 влади и 27 премиери, ќе ѝ овозможат постабилна власт.

    Резултатите ќе бидат познати в понеделник, рано наутро.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари