ИЗБОРИТЕ РЕШАВАЧКИ ДАЛИ ЦРНА ГОРА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО НАТО ИЛИ ЌЕ БИДЕ РУСКА КОЛОНИЈА, ВЕЛИ ПРЕМИЕРОТ ЃУКАНОВИЌ

a:1:{s:9:"td_source";s:29:"ЦрнаГора,(Фокс)

    ИЗБОРИТЕ РЕШАВАЧКИ ДАЛИ ЦРНА ГОРА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО НАТО ИЛИ ЌЕ БИДЕ РУСКА КОЛОНИЈА, ВЕЛИ ПРЕМИЕРОТ ЃУКАНОВИЌ

    Премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ изјави дека утрешните парламентарни избори ќе решат дали земјата ќе биде членка на ЕУ и НАТО или руска колонија. На синоќешната завршната конвенција на неговата Демократската партија на социјалистите (ДПС) Ѓукановиќ рече дека овие избори се најважните по гласањето за независност од Србија пред една деценија.

    ДПС на изборите ќе оди против опозициската коалиција од проруски и просрпски партии, кои остро се спротиставуваат на членството во НАТО. Ѓукановиќ ја обвини Русија дека се меша во изборниот процес со тајно финансирање на опозициските партии.

    Ѓукановиќ е на чело на Црна Гора над 25 години, како претседател или премиер, а на овие избори се соочува со најголем притисок од опозициските партии, кои го обвинуваат за непотизам, корупција и за третирање на земјата како свој приватен имот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира