ИЗРАЕЛ БЕЗ СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД КОВИД-19 ЗА ПРВПАТ ОД ЈУНИ, ЗЕМЈАТА СЕ БЛИЖИ КОН КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТ

    ИЗРАЕЛ БЕЗ СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД КОВИД-19 ЗА ПРВПАТ ОД ЈУНИ, ЗЕМЈАТА СЕ БЛИЖИ КОН КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТИзраел ја има највисоката стапка на имунизација на светот (Фото: Ројтерс)

    Израел не регистрираше ниеден смртен случај од ковид-19 за првпат во последните десет месеци, додека земјата продолжува со забрзаната имунизација. Министерството за здравство објави дека бројот на починати останал на 6.346.

    Последен пат кога Израел немаше починати од ковид-19 беше на крајот на јуни, кога строгите рестриктивни мерки го скротија првиот бран на пандемијата. Ширењето на коронавирусот во Израел стивна откако го достигна врвот во јануари оваа година, а еден месец подоцна владата почна да ги олеснува ограничувањата.

    Израел ја има највисоката стапка на имунизација на светот и во четвртокот стигна до бројката од пет милиони вакцинирани жители. Министерството за здравство објави дека 53% од населението има примено две дози.

    Минатата недела, директорот на најголемата болница во Израел, Ејал Лешем, изјави дека земјата е многу блиску до постигнување колективен имунитет.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира