ИЗРАЕЛ И ОБЕДИНЕТИТЕ АРАПСКИ ЕМИРАТИ ПОСТИГНАА ИСТОРИСКИ ДОГОВОР ЗА НОРМАЛИЗАЦИЈА НА ОДНОСИТЕ

    ИЗРАЕЛ И ОБЕДИНЕТИТЕ АРАПСКИ ЕМИРАТИ ПОСТИГНАА ИСТОРИСКИ ДОГОВОР ЗА НОРМАЛИЗАЦИЈА НА ОДНОСИТЕИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и принцот на Абу Даби Мохамед Ал Нахјан историскиот договор го постигнаа со помош на САД. (Фото: Би-Би-Си)

    Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се согласија за нормализирање на односите, објави американскиот претседател Доналд Трамп. Во заедничка изјава на Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и принцот на Абу Даби Мохамед Ал Нахјан се вели дека се надеваат оти „историскиот договор ќе го унапреди мирот на Блискиот Исток“. Како резултат, додадоа тие, Израел ќе ги прекине своите планови за анексија на големи делови од окупираниот Западен Брег.

    Досега Израел немал дипломатски односи со арапските земји. Сепак, заедничката загриженост за регионалното влијание на Иран доведе до неофицијални контакти меѓу нив.

    Како одговор на соопштението на претседателот Трамп, Нетанјаху твитна на хебрејски: „Историски ден“.

    Амбасадорот на ОАЕ во САД, Јусеф Ал Отаиба, во изјава рече дека тоа е „победа за дипломатијата и за регионот“.

    „Тоа е значаен напредок во арапско-израелските односи што ги намалува тензиите и создава нова енергија за позитивни промени“, додаде тој.

    Договорот го означува третиот израелско-арапски мировен договор од прогласувањето на независност на Израел во 1948. Египет го потпиша првиот во 1979, а Јордан во 1994.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира