ЈАПОНИЈА ГИ ПРЕДУПРЕДИ ГРАЃАНИТЕ ДА СЕ ЗАСОЛНАТ ОТКАКО СЕВЕРНА КОРЕЈА ЛАНСИРАШЕ УШТЕ ЕДНА РАКЕТА

    ЈАПОНИЈА ГИ ПРЕДУПРЕДИ ГРАЃАНИТЕ ДА СЕ ЗАСОЛНАТ ОТКАКО СЕВЕРНА КОРЕЈА ЛАНСИРАШЕ УШТЕ ЕДНА РАКЕТАСеверна Кореја и на 29 август лансираше ракета над Јапонија. - Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун врши увид во ракетната програма (Фото: АП/архивска фотографија)

    Северна Кореја лансираше уште една ракета од престолнината Пјонгјанг кон Јапонија, објавија медиумите во Јапонија и Јужна Кореја. Јапонските власти велат дека ракетата прелетала преку северниот остров Хокаидо и ги предупреди граѓаните да се засолнат. Јужна Кореја и САД ги анализираат деталите од лансирањето на ракетата која што слета во Тихиот океан, соопшти јужнокорејската армија.

    Минатиот месец, Северна Кореја, исто така, лансираше ракета која што прелета над Јапонија. Денешното лансирање, рано наутро во петок по локално време, се случи само само неколку дена по гласањето за нови санкции за Северна Кореја во Обединетите нации, поради нуклеарните проби на изолираната азиска земја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира