ЈАПОНИЈА НАРЕДИ ЕВАКУАЦИЈА НА ОСТРОВОТ ХОКАИДО ОТКАКО СЕВЕРНА КОРЕЈА ЛАНСИРАШЕ ПРОЕКТИЛ

    ЈАПОНИЈА НАРЕДИ ЕВАКУАЦИЈА НА ОСТРОВОТ ХОКАИДО ОТКАКО СЕВЕРНА КОРЕЈА ЛАНСИРАШЕ ПРОЕКТИЛСе верува дека проектилот бил со среден или долг дострел (Фото: Гети)

    Денешното лансирање проектил од Северна Кореја предизвика конфузија и паника во северниот дел на Јапонија, каде што прво беше наредена евакуација, за потоа да биде повлечена по 30 минути. Сирените се огласија низ Хокаидо, а на жителите им беше кажано веднаш да се евакуираат.

    Властите потоа кажаа дека проектилот не паднал близу островот, па ја повлекоа тревогата. Се верува дека проектилот бил со среден или долг дострел, но во јавноста не излегоа детали за оружјето што беше тестирано. Јапонија, Јужна Кореја и САД го осудија последното тестирање.

    Јапонската крајбрежна стража кажа дека проектилот паднал во водите источно од Северна Кореја, но не можеше да потврди дали летал преку јапонската ексклузивна економска зона.

    Ова тестирање следува неколку дена откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ѝ нареди на војската да применува попрактични и поофанзивни начини на одвраќање од војна. Во изминатата недела, Северна Кореја не одговараше на дневните телефонски повици од Јужна Кореја, што предизвика загриженост во Сеул. Тие вообичаено разменуваат повици двапати на ден, со цел да се спречат судири долж границата.

    Оваа недела, Северна Кореја одбележува 11 години од доаѓањето на Ким на власт, што се очекува да биде проследено со воени паради.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира