КИНА ГО ЗАПРЕ ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО 10 ГРАДОВИ ПОРАДИ НОВИОТ ВИРУС, ДОСЕГА 26 ПОЧИНАТИ

    КИНА ГО ЗАПРЕ ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО 10 ГРАДОВИ ПОРАДИ НОВИОТ ВИРУС, ДОСЕГА 26 ПОЧИНАТИДосега е потврдена бројката од најмалку 830 заразени низ целата земја (Фото: ЕПА)

    Кинеските власти ја проширија суспензијата на јавниот превоз на десет градови, откако бројката починати од новиот коронавирус порасна на 26.

    Сите градови се наоѓаат во провинцијата Хебеи, која важи за центар на заразата и рестрикциите ќе опфатат повеќе од 60 милиони луѓе. Властите ги потврдија првите смртни случаи и надвор од Хебеи. Еден од нив е во провинцијата Хеилонгџијанг, која се граничи со Русија и е оддалечена над 2.000 километри од Хебеи.

    Досега е потврдена бројката од најмалку 830 заразени низ целата земја.

    Затворањето на градовите доаѓа во пресрет на пречекот на Лунарната нова година, период кога милиони луѓе патуваат дома.

    „Дизниленд“ во Шангај исто така објави дека привремено ги затвора своите врати за посетители, Макао ја откажа јавната прослава на Кинеската нова година, а Хонгконг меѓународен карневал и годишен фудбалски турнир.

    Вухан, град со 11 милиони жители, забрзано гради нова болница со илјада кревети и таа би требала да биде подготвена до 3 февруари.

    Светската здравствена организација (СЗО) сѐ уште не го прогласила вирусот за „меѓународна вонредна состојба“, главно, поради малиот број заразени во прекуморските земји – 13.

    „Не е исклучено таа да биде прогласена“, кажа генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира