КОРОНАВИРУСОТ НАЈОПАСЕН ЗА СТАРИ И БОЛНИ ЛИЦА, СИМПТОМИТЕ ВО 80% СЛУЧАИ БИЛЕ БЛАГИ, СЕ ВЕЛИ ВО НАЈОБЕМНАТА СТУДИЈА ДОСЕГА

    КОРОНАВИРУСОТ НАЈОПАСЕН ЗА СТАРИ И БОЛНИ ЛИЦА, СИМПТОМИТЕ ВО 80% СЛУЧАИ БИЛЕ БЛАГИ, СЕ ВЕЛИ ВО НАЈОБЕМНАТА СТУДИЈА ДОСЕГАДосега од КОВИД-19 починале 1.868 луѓе, од кои 98 во последните 24 часа, а повеќе од 72.000 се заразени (Фото: АФП)

    Здравствените власти на Кина ја објавија најобемната студија за коронавирусот КОВИД-19 од почнувањето на заразата пред два месеца, во која се вели дека под најголем ризик од болеста се стари и болни лица.

    Кинескиот центар за контрола и превенција на болести кажа дека во 80% случаи симптомите биле благи. Истражувањето го нагласува и големиот ризик кој постои за медицинските лица и ова уследи откако почина директорот на една од болниците во Вухан.

    Хубеи, провинцијата во која се наоѓа и Вухан, е најтешко погодената област од вирусот. Таму смртноста изнесува 2,9%, додека во остатокот од земјата е 0,4%. Севкупно, стапката на смртност од коронавирусот е 2,3%.

    Според последните информации, досега од КОВИД-19 починале 1.868 луѓе, а повеќе од 72.000 се заразени.

    Истражувањето ги опфати сите 72.314 случаи кои биле регистрирани во Кина заклучно со 11 февруари. Притоа е заклучено дека во 80% случаи симптомите биле благи, а само во 4,7% биле критични. Најголема смртност имало кај луѓето постари од 80 години, а до 39-годишна возраст стапката била 0,2%.

    Вирусот бил најопасен за пациентите со кардиоваскуларни болести, дијабетес и хронични респираторни проблеми.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира