КОВИД ВАКЦИНАТА НА „ЏОНСОН И ЏОНСОН“ ЌЕ ПРЕСТАНЕ ДА СЕ ДАВА ВО САД ПОРАДИ ШЕСТ СЛУЧАИ НА ТРОМБОЗА

    КОВИД ВАКЦИНАТА НА „ЏОНСОН И ЏОНСОН“ ЌЕ ПРЕСТАНЕ ДА СЕ ДАВА ВО САД ПОРАДИ ШЕСТ СЛУЧАИ НА ТРОМБОЗАВакцината на „Џонсон и Џонсон“ засега се користи само во САД (Фото: Ројтерс)

    Американските здравствени власти повикаа да се запре со употребата на ковид вакцината на „Џонсон и Џонсон“ поради неколку случаи на згрутчување на крвта. Агенцијата за храна и лекови (ФДА) кажа дека ова го прават од претпазливост.

    Досега се регистрирани шест случаи на тромбоза меѓу дадените 6,8 милиони дози од оваа вакцина, која засега се користи само во САД. Ова следува по слични ретки случаи со вакцината на „АстраЗенека“, што доведе до нејзино ограничено користење во низа земји.

    „Центарот за контрола и превенција на болести истражува шест случаи на редок, но сериозен тип на тромбоза кај поединци кои ја примиле оваа вакцина. Засега се чини дека овие несакани ефекти се крајно ретки. Предлагаме пауза во употребата на вакцината од претпазливост“, објави ФДА на Твитер, додавајќи дека станува збор за мозочна синусна тромбоза.

    Според ФДА, овој тип на тромбоза бара поразлично лекување од вообичаено, при што лекувањето со коагулантот „хепарин“ би можело да биде опасно.

    Според „Њујорк тајмс“, сите шест случаи на тромбоза се кај жени на возраст од 18 до 48 година, при што една починала, а друга била во критична состојба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира