ЛИДЕРИТЕ НА ЕУ БАРААТ КАЗНА ЗА БЕЛОРУСИЈА ОТИ ПРЕНАСОЧИ АВИОН ЗА ДА УАПСИ НОВИНАР

    ЛИДЕРИТЕ НА ЕУ БАРААТ КАЗНА ЗА БЕЛОРУСИЈА ОТИ ПРЕНАСОЧИ АВИОН ЗА ДА УАПСИ НОВИНАРУапсениот новинар е Роман Протасевич, учесник на протестите против Лукашенко во Минск во 2017. (Фото: ПА)

    Западните земји ја осудија Белорусија за пренасочувачњето на авион над нејзината територија за да уапси белоруски дисидентски новинар. Европските лидeри денес ќе разговараат за тоа што ќе преземат за она што го нарекоа „киднапирање“, а пак САД го оцени како „шокантен чин“.

    Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајн пред состанокот изјави дека „киднапирањето мора да биде санкционирано“.

    Вчера, авион на „Рајанер“ кој леташе од Грција кон Литванија беше пренасочен кон Минск. Опозицискиот канал Некста на Телеграм соопшти дека е приведен неговиот поранешен уредник Роман Протасевич.

    Државните медиуми во Белорусија соопштија дека авионот бил пренасочен поради страв од бомба.

    Според изјавите на сведоците, новинарот бил многу исплашен и на патниците кои седеле до него им рекол дека се плаши од смртна казна. Државните медиуми во Белорусија објавија дека претседателот Александар Лукашенко лично ја издал наредбата за потегот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира