ЛИДЕРСКИОТ САМИТ НА НАТО ВО ЛОНДОН ПОЧНУВА СРЕДЕ ТЕНЗИИ ПОМЕЃУ СОЈУЗНИЦИТЕ, И МАКЕДОНИЈА ПРВПАТ АКТИВНО УЧЕСТВУВА

    ЛИДЕРСКИОТ САМИТ НА НАТО ВО ЛОНДОН ПОЧНУВА СРЕДЕ ТЕНЗИИ ПОМЕЃУ СОЈУЗНИЦИТЕ, И МАКЕДОНИЈА ПРВПАТ АКТИВНО УЧЕСТВУВАПред почетокот на Самитот, шефовите на земјите-членки, заедно со премиерот Заев, беа на прием кај кралицата Елизабета Втора во Бакингамската палата (Фото: Ројтерс)

    Кралицата Елизабета Втора ги нагости Зоран Заев и шефовите на земјите-членки на НАТО во пресрет на денешниот официјален почеток на дводневниот самит во Лондон, на кој ќе се одбележат 70 години од основањето на алијансата.

    Иако во очекување да стане 30. полноправна членка, што, сепак, нема да се случи во Лондон, бидејќи Шпанија сѐ уште не го ратификувала Пристапниот протокол, ова е прв Лидерски самит на НАТО на кој и нашата држава активно учествува.

    Разговорите ќе се одржуваат во луксузен хотел во близина на Вотфорд и Самитот се случува среде тензиите помеѓу сојузниците поради неколку отворени прашања.

    Ова беше подзасилено со неодамнешните изјави на францускиот претседател Макрон, кој кажа дека НАТО е во кома, за што беше жестоко искритикуван од Доналд Трамп, но главните несогласување помеѓу земјите-членки постојат околу неодамнешната воена интервенција на Турција во Сирија и прашањето на издвојувањето средства за заедничкиот буџет. Откако стана претседател на САД, Трамп постојано ги критикува сојузниците дека не трошат доволно на одбрана, добивајќи ветување од генералниот секретар Јенс Столтенберг дека ќе има поголеми вложувања.

    Пред почетокот на Самитот, турскиот претседател Ердоган изјави дека нема да поддржи одбранбен план на НАТО за Балтичкиот регион доколку не добие поддршка за турската интервенција против Курдите.

     

     

     

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира