МАКРОН НЕ ГО ВИКНА ТРАМП НА САМИТ ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ ВО ПАРИЗ

    МАКРОН НЕ ГО ВИКНА ТРАМП НА САМИТ ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ ВО ПАРИЗСАД ќе бидат претставени на самитот, ама на пониско ниво. - Доналд Трамп и Емануел Макрон (Фото: АП)

    Францускиот претседател Емануел Макрон не го поканил Доналд Трамп на самитот за климатски промени, што ќе се одржи во Париз во декември, откако тој ги повлече САД од Парискиот договор за климатски промени.

    Над 100 светски лидери, како и невладини организации, банки и градоначалници, треба да земат учество во самитот на 12 декември.

    „САД, на некој начин, имаат посебен статус на самитот. Сѐ уште постои можност да бидат поканети, но на некое пониско ниво од претседател“, изјавија од кабинетот на Макрон.

    Трамп ги повлече САД од овој договор во јуни годинава, сѐ додека не се постигне некој подобар договор.

    „На самитот се поканети само оние лидери кои се особено посветени на исполнувањето на Парискиот договор“, појаснија од кабитенот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира