МЕСТО ДОНАЛД И МЕЛАНИЈА ТРАМП, ЏО И ЏИЛ БАЈДЕН ЌЕ БИДАТ ПРЕЧЕКАНИ ВО БЕЛАТА КУЌА ОД ПОРАНЕШЕН ХОТЕЛСКИ СЛУЖБЕНИК

    МЕСТО ДОНАЛД И МЕЛАНИЈА ТРАМП, ЏО И ЏИЛ БАЈДЕН ЌЕ БИДАТ ПРЕЧЕКАНИ ВО БЕЛАТА КУЌА ОД ПОРАНЕШЕН ХОТЕЛСКИ СЛУЖБЕНИКДоналд и Меланија прекинуваат низа традиции на своето заминување од Белата куќа (Фото: Гети)

    Доналд и Меланија Трамп ќе ја избегнат традицијата да им посакаат добредојде на новите жители на Белата куќа Џо и Џил Бајден и место нив, тоа ќе го направи главниот домаќин Тимоти Харлет.

    Тој дојде на оваа позиција во 2017 година откако претходно беше директор за собите во хотелот „Трамп“ во Вашингтон.

    Актуелната прва дама исто така ќе прекине 100 години стара традиција и нема лично да ја прошета Џил Бајден низ семејното крило на Белата куќа. Меланија Трамп уште синоќа го објави прошталниот говор, два дена пред напуштањето на својот дом во изминатите четири години. Таа притоа ги повика Американците да бидат обединети среде актуелните политички тензии.

    Традиционално, претседателот и првата дама на заминување ги повикуваат своите наследници на кафе во пресрет на инаугурацијата и потоа заедно одат на церемонијата. Трамп претходно кажа дека нема да присуствува на инаугурацијата на Бајден, станувајќи само четврти американски претседател кој го направил тоа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира