МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО НА АРГЕНТИНА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОТИ ПУШТИЛ НОВИНАР ДА СЕ ВАКЦИНИРА ПРЕКУ РЕД

    МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО НА АРГЕНТИНА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОТИ ПУШТИЛ НОВИНАР ДА СЕ ВАКЦИНИРА ПРЕКУ РЕДГинес Гонзалез Гарсија рече дека некои лица ја прескокнале процедурата за ковид вакцинација додека бил отсутен. (Фото: Ројтерс)

    Министерот за здравство на Аргентина поднесе оставка откако медиумите објавија дека луѓе со врски преку ред се вакцинирале против ковид-19. Гинес Гонзалез Гарсија преку Твитер објави дека некои лица ја прескокнале стандардната процедура за вакцинација, поради „нејасна ситуација“ во неговиот кабинет додека тој бил отсутен.

    Два извора од кабинетот на претседателот Алберто Фернандез кажаа дека тој ја побарал оставката на Гинес по обвинувањата во медиумите дека најмалку 10 лица ја примиле вакцината преку ред, меѓу кои и возрасен новинар, кој тврдел дека се вакцинирал откако директно разговарал со министерот.

    Неодамна, министрите за здравство и за надворешни работи на Перу поднесоа оставки, а пак поранешниот претседател е под истрага, откако беше објавено дека стотици политичари ја примиле вакцината надвор од клиничките испитувања и пред да почне националната имунизација.

    Аргентина во декември ја почна вакцинацијата против ковид-19 со руската „спутник“, а во првата фаза се здравстветните работници. До средата, околу 250 илјади лица ги примија двете дози. Земјата со речиси 45 милиони жители досега регистрираше 2 милиона заболени и 51.000 починати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира