НА ХИЛАРИ КЛИНТОН Ѝ СЕ СЛОШИ НА ГРАУНД ЗЕРО

a:1:{s:9:"td_source";s:39:"Њујорк,(Њујорктајмс)

    НА ХИЛАРИ КЛИНТОН Ѝ СЕ СЛОШИ НА ГРАУНД ЗЕРО

    Хилари Клинтон ненадејно си замина пред да заврши церемонијата во Њујорк за одбележување на 15-годишнината од нападите на 11 септември, оти ѝ станало премногу топло, според портпаролот на нејзината кампања за претседателка на САД.

    „За време на церемонијата, таа почувствува дека ѝ е премногу топло, па замина во станот на ќерка ѝ, и сега ѝ е многу подобро“, рече портпаролот и додаде дека демократскиот претседателски кандидат присуствувала на настанот близу граунд зеро 90 минути пред да си замине.

    Ќерката на Клинтон, Челзи, живее на Менхетн, близу местото каде што беа кулите близначки. Околу 11.30 часот Клинтон, која носеше темни очила, излезе од зграда во оваа област и им мавташе на минувачите и позираше за самослик со едно девојче.

    „Одлично се чувствувам. Прекрасен ден е во Њујорк“, рече Клинтон.

    На видеото од настанот се гледа дека Клинтон едвај се држи исправена, а потоа се спрепнува на тротоарот. Со помош на двајца агенти од тајната служба влегува во колата. Температурата во Њујорк беше околу 27 степени Целзиусови со значителна влажност.

    Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, кој исто така беше на настанот, и неговите приврзеници досега агресивно се обидуваа да го доведат во прашање здравјето на Клинтон. Трамп минатиот месец на Твитер ја истакна кашлицата на Клинтон и напиша дека обата кандидата треба да ги објават своите здравствени досиеја. Сепак, самиот Трамп досега јавно има издадено само мал дел од досието за неговото здравје.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари