НА ПРОТЕСТОТ ВО БАРСЕЛОНА СЕ БАРА ЗАТВОР ЗА КАТАЛОНСКИОТ ЛИДЕР, БЕЛГИЈА МУ НУДИ АЗИЛ

    НА ПРОТЕСТОТ ВО БАРСЕЛОНА СЕ БАРА ЗАТВОР ЗА КАТАЛОНСКИОТ ЛИДЕР, БЕЛГИЈА МУ НУДИ АЗИЛКарлес Пуигдемонт се соочува со затворска казна до 30 години (Фото: ЕПА)

    Приврзаниците на единствена Шпанија излегоа во голем број на улиците на Барселона, само ден откако Мадрид ѝ ја одзеде политичката автономија на Каталонија, реагирајќи на едностраното прогласување независност во петокот.

    Учесниците во маршот повикаа сменетиот каталонски лидер Карлес Пуигдемонт да биде затворен, што стави дополнителен притисок врз јавното обвинителство, кое најави дека против него ќе биде покренато обвинение за побуна.

    По ваквите закани, од Белгија дојдоа најави дека Пуигдемонт би можел да добие политички азил во оваа земја, потег на кој Шпанија тешко би можела да му се спротивстави.

    „Ако ја погледнете ситуацијата во моментов, таму имате репресија од Мадрид, од каде што доаѓаат закани за затворски казни. Оттука произлегува прашањето дали тој има шанса за фер судење. Постои реална можност Пуигдемонт и неговите соработници да побараат азил во Белгија. Ако дојде до тоа, ние ќе се најдеме во незгодна дипломатска ситуација со Шпанија, тоа е јасно“, изјави белгискиот министер за миграција, Тео Франкен.

    Доколку Пуигдемонт биде обвинет за побуна, тој се соочува со затворска казна до 30 години. Од неговиот табор засега нема најави дека тој планира да ја напушти Каталонија.

    „Жителите на Каталонија кои се чувствуваат загрозено можат да побараат азил во Белгија, тоа е сосема легално. Засега, нема ниту едно такво барање“, додаде Франкен.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира