Ураганот Метју синоќа го зафати брегот на Флорида, каде остави повеќе од милион луѓе без струја. Системот, кој се уште не го зафатил копнениот дел од САД, беше намален на категорија 3 на скала од 1-5, со ветрови од над 195 км/ч.
Претходно во Хаити, Метју однесе над 840 животи. Обединетите нации предупредија дека ќе бидат потребни неколку дена за да се утврди целoто влијание на Метју во Хаити. Бројот на жртви може да порасне, како што спасувачките екипи ќе пристигнуваат во јужните области кои беа отсечени. Најтешко погодените градови засега можат да бидат пристапени само преку море и воздух.
Локалните власти и ОН проценуваат дека им е потребна помош на околу 350.000 луѓе, а оштетени се над 20.000 домови.
„Ситуацијата се менува постојано. Мислам дека во наредните четири или пет дена, ќе имаме појасна слика за штетата и бројот на жртвите“, вели Карлос Велосо од Светската програма за храна.
Невладините организации велат дека комумикацијата со најтешко погодените области е отежната поради слабата покриеност со сигнал за мобилни телефони и срушени телефонски линии.САД испрати морнаричкиот брод Меса за да помогне во напорите за спасување и ангажираше девет воени хеликоптери да доставуаат храна и вода во погодените области.