Турскиот премиер демантира дека напаѓачот кој ноќеска истури рафали куршуми во преполниот ноќен клуб во Истанбул на прославата на Нова година и уби 39 луѓе, бил облечен како Дедо Мраз. Турција се уште трага по напаѓачот.
Премиерот Бинали Јилдирим изјави: „Тоа не е вистина. Тој е вооружен терорист, како што знаеме“. Јилдирим рече и дека напаѓачот прво го нападнал обезбедувањето пред клубот пред да влезе внатре и да пука врз луѓето. Тој внатре оставил пушка и избегал „користејќи го хаосот“ што настанал. Премиерот рече дека тројца од повредените се во критична состојба.
„Теророт што се случува денес тука, утре може да се случи во друга земја во светот“, рече Јилдирим.
Меѓу странците кои се жртви се и 18-годишна Израелка и Белгијанец, како и луѓе од Саудиска Арабија, Либан, Либија, Мароко, а околу 70-мина се повредени во чинот што власта го нарече террористички напад.
Напаѓачот, вооружен со оружје со долга цевка, убил еден полицаец и еден цивил пред влезот на популарниот клуб „Реина“ околу 1.15 часот, пред да влезе внатре и почне да пука врз луѓето кои биле на забавата.
Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот, а власта не соопшти дека има осомничени. Најкрвавите напади врз Турција во 2016 беа дело на Исламска држава и на курдските милитанти.
Приватната НТВ објави дека напаѓачот влегол во елитниот клуб, на брегот на Босффор во европsкиот дел на градот, облечен како Дедо Мраз. Министерот за внатрешни рече дека се верува оти тој излегол од клубот облечен во друга облека.
Снимките од безбедносната камера покажуваат маж облечен во црно со ранец како пука во полицаец пред влезот на „Реина“. Снимките од други камери внатре покажуваат дека тој е облечен во други алишта и има дедомразовска капа.
Најмалку 15-мина од жртвите се странци, а 3-4 се вработени во клубот.
Очевидец кој минувал покрај клубот вели дека видел како напагачот пукал во полицаец и во минувач, потоа го погодил обезбедувањето и влегол во клубот. Потоа се чуле истрели, а по две минути и звук на експлозија.
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган остро го осуди „теорристичкиот напад врз областа Ортакој во Истанбул во првите часови на 2017“ и изрази сочуство на жртвите и „странските гости“.
Областа околу клубот е изолирана и денес. Сопственикот на „Реина“ изјви дека полицијата го засилила обезбедувањето во елитната населба Ортакој и соседството. Меѓу мерките се и шатори на поскриени локации, и 24-часовно полициско присуство и на поморската гарда.
„И покрај овие мерки на полициските сили, за жал се случи овој болен настан. Не знаеме што да кажеме. Останавме без зборови во овој момент“.