НАТО ИСПРАЌА БРОДОВИ И БОРБЕНИ АВИОНИ ВО БУГАРИЈА И БАЛТИЧКИОТ РЕГИОН ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА РУСКА ИНВАЗИЈА НА УКРАИНА

    НАТО ИСПРАЌА БРОДОВИ И БОРБЕНИ АВИОНИ ВО БУГАРИЈА И БАЛТИЧКИОТ РЕГИОН ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА РУСКА ИНВАЗИЈА НА УКРАИНАВашингтон предупреди дека руска инвазија би можела да почне во секој момент (Фото: АП)

    НАТО објави дека ставил дополнителни сили во состојба на подготвеност и дека испраќа уште борбени авиони и бродови во источна Европа, додека Русија продолжува да трупа војска на границата со Украина. Од алијансата кажаа дека на овој начин го засилуваат своето присуство во областа на Балтичкото Море и дека повеќе членки понудиле војска и опрема.

    Данска ќе испрати фрегата во Балтичкото Море и ќе распореди воени авиони „Ф-16“ во Литванија. Шпанија кажа дека ќе ја засили поморската моќ на НАТО со уште бродови и дека размислува да испрати борбени авиони во Бугарија.

    „И Франција е подготвена да испрати војска во Бугарија. Ќе продолжиме да ги преземаме сите неопходни мерки за да ги заштитиме и одбраниме нашите сојузници“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

    Велика Британија го следеше примерот на САД и почна да повлекува дел од персоналот во својата амбасада во Киев, откако Вашингтон предупреди дека руска инвазија би можела да почне во секој момент. Русија постојано негира дека планира да ја нападне Украина, иако распореди 100.000 војници покрај границата.

    „Сите членки на Европската Унија се обединети. Покажуваме досега невидено единство околу ситуацијата со Украина, во силна координација со САД“, изјави шефот на надворешната политика на ЕУ, Хосеп Борел, додавајќи дека засега не го повлекуваат својот персонал од Киев.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира