НЕ САКАМЕ ВОЈНА ВО ЕВРОПА, СПРЕМНИ СМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ СО САД И НАТО, КАЖА ПУТИН

    НЕ САКАМЕ ВОЈНА ВО ЕВРОПА, СПРЕМНИ СМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ СО САД И НАТО, КАЖА ПУТИНРуските трупи денеска почнаа делумно да се повлекуваат од границата со Украина (Фото: АП)

    Владимир Путин кажа дека не сака војна во Европа и ја опиша ситуацијата во отцепените области во источна Украина како геноцид, при што повика тамошниот конфликт да се реши со примена на мировниот договор од Минск.

    По средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц, Путин изјави дека донесол одлука за делумно повлекување на руските трупи од границата со Украина и додаде дека има простор за натамошни разговори со западот за безбедносните барања на Русија. Москва не објави детали за повлекувањето, додека НАТО кажа дека и натаму не гледа знаци на деескалација.

    „Досега не сме добиле конструктивни одговори на нашите барања. Во изминатите 30 години добивавме ветувања дека НАТО нема да се шири, а сега ја гледаме неговата инфраструктура пред нашите врати. Во овие разговори мора да го решиме прашањето на Украина и НАТО“, кажа Путин.

    САД и НАТО соопштија дека се подготвени да дискутираат за низа безбедносни мерки што Русија претходно ги предложи. Русија, меѓу другото, бара да се ограничи распоредувањето на проектилите со среден домет во Европа и транспарентност на воените вежби.

    Во разговорите со Шолц, Путин се осврна и на гасоводот Северен тек 2, што САД и ЕУ се заканија дека го запрат како Украина биде нападната.

    „Тоа е чисто комерцијален проект, политиката не е вмешана во него. Русија е среќна да продолжи со испораките на гас преку Украина, ако има барања за тоа. Руско-германската енергетска соработка е приоритет за Москва и го гледаме Берлин како еден од нашите клучни партнери“, изјави Путин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира