НЕМА ДОКАЗИ ДЕКА КОРОНАВИРУСОТ СЕ ПРЕНЕСУВА ПРЕКУ ХРАНА ИЛИ АМБАЛАЖА, ВЕЛИ СЗО

    НЕМА ДОКАЗИ ДЕКА КОРОНАВИРУСОТ СЕ ПРЕНЕСУВА ПРЕКУ ХРАНА ИЛИ АМБАЛАЖА, ВЕЛИ СЗОДва кинески града пријавиле дека пронашле траги на коронавирусот во увезена смрзната храна (Фото: Ројтерс)

    Светската здравствена организација соопшти дека нема докази дека коронавирусот се пренесува преку храна или амбалажа и им порача на луѓето да не се плашат дека тој може да влезе во ланецот на исхрана. СЗО реагираше откако два кинески града пријавиле дека пронашле траги на коронавирусот во увезени смрзнати пилешки крилца од Бразил и во пакување смрзнати еквадорски ракчиња.

    „Луѓето не треба да се плашат дека ќе се заразат од храна, амбалажа за храна или од готвење и испорачување на храна. Нема докази дека храната и ланецот на исхрана учествуваат во пренесувањето на овој вирус и луѓето во тој поглед можат да се чувствуваат безбедно“, изјави Мајк Рајан, директорот за вонредни ситуации во СЗО.

    Епидемиологот од СЗО Марија фан Керкхофе изјави дека Кина тестирала стотици илјади пакувања и „во многу, многу малку од нив, помалку од 10“, пронашла траги на коронавирусот.

    Речиси 21 милион луѓе досега се заразиле со коронавирусот на светско ниво, а речиси 750.000 починале.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира