НОВ ЗЕЛАНД ЌЕ СЕ ПОВРЗЕ СО АВСТРАЛИЈА СО СИГУРЕН КОРИДОР, НО УШТЕ ДОЛГО ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕН ЗА ОСТАТОКОТ ОД СВЕТОТ

    НОВ ЗЕЛАНД ЌЕ СЕ ПОВРЗЕ СО АВСТРАЛИЈА СО СИГУРЕН КОРИДОР, НО УШТЕ ДОЛГО ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕН ЗА ОСТАТОКОТ ОД СВЕТОТПремиерите на Австралија и Нов Зеланд Скот Морисон и Џесинда Ардерн договараат отворање на посебен „транстасманиски балон“ (Фото: Гети)

    Нов Зеланд уште долго време нема да ги отвори границите за остатокот од светот, вели премиерката Џесинда Ардерн. Таа дискутираше со австралиската влада за отворање на можен „транстасманиски балон“, слободен патнички коридор со кој би се поврзале двете земји, без патниците да одат во карантин.

    „Доаѓањето на луѓето од други земји нема да биде можно уште долго време“, кажа Ардерн.

    И Австралија и Нов Зеланд ги затворија границите за речиси сите странци како дел од борбата против КОВИД-19.

    „Разговараме за еден вид сигурна зона за патување. Тоа ќе им донесе придобивки и на двете земји“, кажа Ардерн.

    Туризмот е една од најголемите индустрии во Нов Зеланд, кој придонесува со 6% во бруто домашниот производ на земјата.

    „Транстасманиски балон е можен затоа што двете земји имаа одличен одговор на коронавирусот, но границите за остатокот од светот ќе останат затворени“, вели Ардерн.

    Нов Зеланд втор ден по ред не пријави нов случај на зараза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира