НОВА ДЕМОКРАТИЈА УБЕДЛИВО ГО ПОРАЗИ ЦИПРАС НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО ГРЦИЈА, ВЕЛАТ ИЗЛЕЗНИТЕ АНКЕТИ

    НОВА ДЕМОКРАТИЈА УБЕДЛИВО ГО ПОРАЗИ ЦИПРАС НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО ГРЦИЈА, ВЕЛАТ ИЗЛЕЗНИТЕ АНКЕТИНова демократија предводена од Кирјакос Мицотакис освоила меѓу 38 и 42% гласови (Фото: Гети)

    Една година по потпишувањето на Договорот од Преспа, Алексис Ципрас и неговата партија Сириза се на пат да ја загубат власта во Грција, покажуваат излезните анкети по денешните предвреме свикани парламентарни избори.

    Тие предвидуваат победа на досегашната опозициска партија Нова демократија, предводена од Кирјакос Мицотакис, која освоила меѓу 38 и 42% гласови, додека за Сириза гласале 26,5-31,5% избирачи. Тоа на Нова демократија би ѝ донело мнозинство во парламентот, имајќи предвид дека победникот добива дополнителни 50 места.

    Ципрас, кој дојде на власт во 2015, порано ги распиша изборите откако неговата партија претрпи тежок пораз на неодамнешните избори за Европскиот парламент.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари