НОВАТА БОЛНИЦА ВО ВУХАН ГИ ПРИМИ ПРВИТЕ ПАЦИЕНТИ 10 ДЕНА ОТКАКО ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ

    НОВАТА БОЛНИЦА ВО ВУХАН ГИ ПРИМИ ПРВИТЕ ПАЦИЕНТИ 10 ДЕНА ОТКАКО ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИНовата болница ќе може да прими илјада пациенти (Фото: АП)

    Првите пациенти денеска пристигнаа во новата болница во Вухан, која беше изградена за само десет дена како дел од напорите на Кина за борба против новиот коронавирус.

    Болницата Хуошеншан и уште една медицинска установа со 1.500 кревети, која треба да биде отворена во текот на оваа недела, забрзано се градеа во изминатите денови откако нагло се зголеми бројката на заразени. Вухан се смета за центар на заразата откако токму таму пред нова година за првпат беше идентификуван новиот вирус.

    Новата болница има 1.000 кревети и таа се градеше од монтажни објекти донесени од работничко одморалиште во околината на Вухан.

    Градежната механизација пристигна на местото на 24 јануари и во изградбата на болницата учествувале над 7.000 градежници, електричари, водоводџии и други работници. Двокатната болница се простира на површина од 25.000 квадратни метри и поголемиот дел се оддели за изолација.

    Од коронавирусот досега починале 361 лице во Кина и едно во Филипини, а повеќе од 17.000 се заразени.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира