ОБАМА ЈА ПОМИЛУВА ЧЕЛСИ МЕНИНГ, ВОЈНИКОТ ШТО ПРЕДАДЕ ТАЈНИ НА ВИКИЛИКС

a:1:{s:9:"td_source";s:33:"САД,(разниизвори)

    ОБАМА ЈА ПОМИЛУВА ЧЕЛСИ МЕНИНГ, ВОЈНИКОТ ШТО ПРЕДАДЕ ТАЈНИ НА ВИКИЛИКС

    Американскиот претседател Барак Обама ја намали 35-годишната затворска казна на Челси Менинг, која му предала 700.000 тајни документи на Викиликс, додека беше припадник на војската на САД во 2010. Транссексуалката беше војник и се викаше Бредли Менинг, а се очекува да излезе на слобода на 17 мај. Менинг соопшти дека ќе го смени полот по пресудата во 2013, кога го промени името од Бредли во Челси.

    Менинг е најпознатото име меѓу оние кои добија помилување или ублажување на казните од Обама, пред неговото заминување од претседателската функција. Преку предадените документи Менинг ги откри злоупотребите на САД во Ирак и Авганистан, а според судската пресуда таа ги довела во опасност својата земја и нејзините граѓани. 28-годишната Менинг во октомври вторпат се обиде да се самоубие, по првиот обид во јули, жалејќи се на лошиот третман во воениот затвор во „Форт Левенворт“ во Канзас, каде што наводно ѝ била ускратена терапијата за промена на полот.

    Минатата недела Викиликс изјави дека основачот Џулијан Асанж ќе прифати да биде екстрадиран во САД, ако Обама ја преиначи казната на Менинг.

    Белата куќа го спореди случајот на Менинг со оној на Едвард Сноуден, кој исто така предаде доверливи документи на Викиликс, пред да избега во Русија.

    „Челси Менинг помина низ воен судски процес во кој беше прогласена за виновна и осудена за нејзините дела, по што ја призна вината. Сноуден, пак, избега кај соперникот, наоѓајќи засолниште во држава која неодамна имаше обид за уривање на довербата во нашата демократија“, соопшти Белата куќа.

    45-годишниот Асанж, кој е државјанин на Австралија, е во амбасадата на Евкадор во Лондон од јуни 2012 за да избегне екстрадиција во Шведска каде што е обвинет за силување. Тој и Викиликс ги демантираат овие обвинувања. Асанж стравува дека Шведска би можела да го екстрадира во САД за документите предадени од Челси Менинг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира