OБВИНУВАЊЕТО ЗА ВМЕШАНОСТ НА РУСИЈА ВО ИНЦИДЕНТОТ СО ДРОНОТ ВО ЛАЈПЦИГ Е „ПОЧЕТОК НА ВИСТИНСКА ВОЈНА“, РЕЧЕ ЛАВРОВ

    OБВИНУВАЊЕТО ЗА ВМЕШАНОСТ НА РУСИЈА ВО ИНЦИДЕНТОТ СО ДРОНОТ ВО ЛАЈПЦИГ Е „ПОЧЕТОК НА ВИСТИНСКА ВОЈНА“, РЕЧЕ  ЛАВРОВРусија ги отфрли германските обвинувања како неосновани, обвинувајќи го Берлин дека подметнал докази за да ја набеди Русија за нападот. (Фото: Гети)

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека обвинувањата упатени кон Москва од Западот за нејзина вмешаност во инцидентот со беспилотно летало на германскиот аеродром во Лајпциг претставуваат, „во суштина, почеток на вистинска војна“, пренесе државната новинска агенција ТАСС.

    „Сите тие изјави на Мерц за повторно претворање на Германија во водечка воена сила во Европа – тие се спроведуваат во дело. Тој, всушност, ни објавува војна“, рече Лавров, мислејќи на германскиот канцелар Фридрих Мерц.

    Германската влада на 1 септември соопшти дека заклучила оти Русија е одговорна за обидот за напад со беспилотно летало на аеродромот Лајпциг/Хале минатиот месец и нареди низа мерки како одговор, вклучително и затворање на конзулат и на руски културен центар во Берлин.

    Русија ги отфрли германските обвинувања како неосновани, обвинувајќи го Берлин дека подметнал докази за да ја набеди Русија за нападот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира