ОД 15 ФЕВРУАРИ СЕ ВРАЌААТ ЛЕТОВИТЕ МЕЃУ АТИНА И СКОПЈЕ, ОБЈАВИ ГРЧКАТА АВИОКОМПАНИЈА

    ОД 15 ФЕВРУАРИ СЕ ВРАЌААТ ЛЕТОВИТЕ МЕЃУ АТИНА И СКОПЈЕ, ОБЈАВИ ГРЧКАТА АВИОКОМПАНИЈААвион АТР 42 на грчкиот авиопревозник на Скопскиот аеродром во јуни 2019. (Фото: СДК.МК)

    Од 15 февруари ќе се вратат летовите меѓу Атина и Скопје – грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“ ги претстави плановите за обнова на линиите со одредени земји од поранешна Југославија.

    Превозникот планира да ги врати летовите меѓу Атина и Скопје во следните 10 денови, два пати неделно со авион од типот  „АТР42“ со 48 седишта, преку својата регионална подружница „Олимпик ер“.

    Летовите помеѓу двата главни градови на Грција и Северна Македонија беа суспендирани на почетокот на ковид пандемијата лани во март.

    Влезот во Грција сѐ уште е забранет за најголем дел граѓани од земјите надвор од Европската Унија. Затворени се и трите патни гранични премини Богородица, Дојран и Меџитлија.

    Грчките граѓани можат да влезат во Северна Македонија без никакви ограничувања.

    Пред две недели, македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи потпиша во Атина повеќе билатерални договори.

    „Очекувам дека во наредните месеци, како што ќе се олеснуваат мерките за заштита, ќе имаме зголемување на соработката помеѓу нашите две земји, во сите сектори, вклучувајќи ги и туризмот и инвестициите“, изјави Османи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира