ОД 16 МАЈ БЕЗ МАСКИ И ВО АВИОНИТЕ И НА АЕРОДРОМИТЕ ВО ЕУ

    ОД 16 МАЈ БЕЗ МАСКИ И ВО АВИОНИТЕ И НА АЕРОДРОМИТЕ ВО ЕУУкинувањето на маските е во согласност со менувањето на политиките за заштита од ковид-19 во јавниот транспорт низ Европа. (Фото: Гети)

    Според новото официјално упатство, веќе нема да мора да се носат маски за лице на летовите и на аеродромите во земјите на ЕУ од следниот понеделник, 16 мај. Потегот е во согласност со менувањето на политиките за заштита од ковид-19 во јавниот транспорт низ Европа, соопшти Агенцијата за воздухопловна безбедност на ЕУ (ЕАСА).

    Правилата се ублажени во земјите како Франција, Италија и Бугарија. Некои американски авиокомпании го направија истото во април, откако федералниот суд ја отфрли владината одлука за задолжителни маски.

    „Од следната недела, маските за лице повеќе нема да бидат задолжителни при воздушниот сообраќај во сите случаи, во голема мерка усогласувајќи се со променливите барања на националните власти ширум Европа за јавен превоз“, рече извршниот директор на ЕАСА, Патрик Ки. „За сите нас е олеснување што конечно доаѓаме до фаза на пандемијата каде што можеме да почнеме да ги релаксираме мерките за здравствена безбедност“, додаде тој.

    Но, новото упатство дојде со совети за претпазливост од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ). Директорот на Центарот Андреа Амон, рече дека иако носењето маски повеќе нема да биде задолжително, важно е да се запамети дека „заедно со физичкото растојание и добрата хигиена на рацете, тоа е еден од најдобрите методи за намалување на преносот н вирусот“.

    Двете агенции на ЕУ рекоа дека при летовите кои пристигнуваат или заминуваат од места каде што сè уште треба да се носат маски во јавниот превоз, авиокомпаниите треба да ги охрабруваат патниците да ги носат.

    „Понатаму, од 16 мај 2022, операторите на авиони, за време на нивната комуникација пред летот, како и за време на летот, треба да продолжат да ги поттикнуваат своите патници и членови на екипажот да носат маски за лице за време на летот, како и на аеродромот, дури и кога носењето маска за лице не е потребно“, велат од ЕЦДЦ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира