НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ВО ГРЦИЈА ЕДНАШ НЕДЕЛНО ЌЕ ПРАВАТ ТЕСТОВИ НА СВОЈА СМЕТКА, ВО КАФЕАНА САМО СО ПОТВРДА ЗА ВАКЦИНА

    НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ВО ГРЦИЈА ЕДНАШ НЕДЕЛНО ЌЕ ПРАВАТ ТЕСТОВИ НА СВОЈА СМЕТКА, ВО КАФЕАНА САМО СО ПОТВРДА ЗА ВАКЦИНАНевакцинираните лица од туризам, угостителство, телевизија и театар, два пати неделно ќе мора да прават брзи тестови на свој трошок. (Фото: СООК)

    Невакцинираните лица кои работат во канцеларии во државен и приватен сектор во Грција, од 13 септември ќе мора да се тестираат за ковид-19 еднаш неделно, на сопствен трошок, објави денеска грчкиот министер за здравство Василис Кикилиас. Министерот ги најави новите рестриктивни мерки за заштита на јавното здравје, кои се однесуваат на лицата кои не се вакцинирани против коронавирусот.

    Вработените во школите и универзитетите, но иста така и во секторите со голема фрекфенција на луѓе како туризам, угостителство, телевизија и театар, два пати неделно ќе мора да прават брзи тестови. Невакцинираните студенти, исто така два пати неделно ќе мора да направат брзи тестови, од сопствен џеб, додека учениците ќе се тестираат два пати неделно, но тие тестови ќе бидат бесплатни.

    Цената на брзите тестови ќе се ограничи на 10 евра. Резултите од сите тестови ќе се објавуваат на државниот сајт, а негативниот резултат ќе мора да се испечати и приложи во соодветната институција. Во случај на позитивен тест, лицето ќе добие инструкции за понатамошно тестирање и изолација.

    Влезот во кафулиња, ресторани, ноќни клубови и спортски објекти нема да биде дозволен без сертификат за примена вакцина или прележана болест. А со тест не постар од 48 часа, ако немаат вакцинален сертификат, ќе можат да влезат само во кината, театрите, музеите и теретаните.

    „Овие мерки не се со цел да казнуваме. Тие се наша должност кон сите оние кои беа претплазливи овие 18 месеци од пандемијата, оние што ги загубија своите дуќани, работни места, оние кои мораа да работат од дома за да се заштитат себеси “, рече Кикилиас.

    Новите правила, исто така, им даваат право на работодавачите да бараат доказ за вакцинација од вработените, кои работат во непосредна близина со колегите.

    Заштитините маски ќе бидат задолжителни во сите затворени јавни простории и во преполни области на отворено, додека бесплатните тестови во јавните установи ќе бидат ограничени само на луѓе кои веќе се вакцинирани или имаат симптоми на ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира