ОСКАРОВЕЦОТ ШОН ПЕН Е ВО УКРАИНА И СНИМА ДОКУМЕНТАРЕЦ ЗА ИНВАЗИЈАТА НА РУСИЈА

    ОСКАРОВЕЦОТ ШОН ПЕН Е ВО УКРАИНА И СНИМА ДОКУМЕНТАРЕЦ ЗА ИНВАЗИЈАТА НА РУСИЈАПен денеска дојде на владиниот брифинг со новинарите Киев. (Фото: АП)

    Оскаровецот актер и режисер Шон Пен е на терен во Украина и снима документарен филм за инвазијата на Русија, потврдија од студиото „Вајс“ за весникот „Вараети“. Оскаровецот денеска дојде на брифинг со новинарите во главниот град на Украина, Киев, и ги слушаше владините претставници кои зборуваа за кризата.

    Документот е продукција на „Вајс студис“ во соработка со „Вајс ворлд њуз“ и „Ендевор контент“.

    Пен последен пат ја посети Украина во ноември 2021 и почна да се подготвува за документарниот филм со посета на украинската војска. Фотографиите од ноемвриското патување на Пен беа објавени во тоа време од Украинската прес-служба за операции на здружените сили.

    „Пен ја посети Канцеларијата на претседателот и разговараше со заменик-премиерката Ирина Верешчук, како и со локални новинари и членови на украинската војска, откако пристигна во Украина оваа недела“, објави „Њузвик“.

    Кабинетот на претседателот на Украина објави соопштение преку украинската амбасада во кое го пофали оскаровецот актер и режисер.

    „Режисерот специјално дојде во Киев за да ги сними сите настани што моментално се случуваат во Украина и да му ја каже на светот вистината за руската инвазија на нашата земја“, се вели во соопштението. „Шон Пен е меѓу оние кои денес ја поддржуваат Украина во Украина. Нашата земја му е благодарна за таквото покажување храброст и чесност“, се вели во соопштението.

    Во соопштението се додава: „Шон Пен демонстрира храброст што им недостигаше на многу други, особено на некои западни политичари. Колку повеќе такви луѓе – вистински пријатели на Украина, кои ја поддржуваат борбата за слобода – толку побрзо можеме да ја запреме оваа грозоморна инвазија на Русија“.

    Пен беше во центарот на многу антивоени и хуманитарни операции низ годините. Документарниот филм „Граѓанинот Пен“ на „Дискавери Плус“ од 2020 беше за напорите на актерот во основањето на непрофитната организација КОРЕ (CORE), по земјотресите на Хаити во 2010. КОРЕ распореди и тимови за да помогне со тестирањето за ковид-19 и вакцинирање низ целата земја.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира