ОВА БЕШЕ ДОБРО ОРГАНИЗИРАН НАПАД НА ДЕСНИЧАРИ И ФАШИСТИ, КАЖА ВУЧИЌ ЗА ВЧЕРАШНИТЕ НЕРЕДИ ВО БЕЛГРАД

    ОВА БЕШЕ ДОБРО ОРГАНИЗИРАН НАПАД НА ДЕСНИЧАРИ И ФАШИСТИ, КАЖА ВУЧИЌ ЗА ВЧЕРАШНИТЕ НЕРЕДИ ВО БЕЛГРАДВо судирите се повредени десетици луѓе, вклучувајќи над 40 полицајци (Фото: АП)

    Претседателот Александар Вучиќ ги опиша вчерашните протести во Белград како најбруталното политичко насилство во Србија во изминатите неколку години и ги обвини лицата од десничарско-фашистичка ориентација за упадот во зградата на парламентот.

    Полицијата употреби солзавец, шок-бомби и палки за да ги растера демонстрантите, кои прво се собраа пред парламентот откако Вучиќ најави враќање на полициски час и други рестриктивни мерки поради последното ширење на коронавирусот. Во судирите се повредени десетици луѓе, вклучувајќи над 40 полицајци. Вучиќ кажа дека полицијата реагирала дури откако демонстрантите почнале да ја оштетуваат зградата на парламентот.

    „Тие што упаднаа во парламентот извршија најмалку две кривични дела и полицијата, која беше брутално напаѓана, ги презеде законските мерки. Запалени се пет полициски возила, 43 полицајци се повредени, еден има фрактура на черепот. Тие луѓе фрлаа камења и Молотови коктели, тие луѓе не зборуваа за коронавирусот, туку за некакво предавство, мигранти, 5Г мрежа“, изјави Вучиќ.

    Тој кажа дека во нередите е направена голема материјална штета, но и штета за угледот на Србија.

    „На никого нема да му дозволиме да го уништи мирот во Србија. Ова беше добро организиран собир, тука беа вмешани и надворешни служби“, кажа Вучиќ и најави заострување на мерките, откако денеска беа потврдени уште 357 случаи на коронавирус, а 11 лица починаа.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира