ПАПАТА ФРАЊО ГИ ПОДГРЕА ГЛАСИНИТЕ ДЕКА ЌЕ СИ ДАДЕ ОСТАВКА ВО АВГУСТ

    ПАПАТА ФРАЊО ГИ ПОДГРЕА ГЛАСИНИТЕ ДЕКА ЌЕ СИ ДАДЕ ОСТАВКА ВО АВГУСТПапата Фрањо последниот месец користи инвалидска количка поради проблеми со движењето. (Фото: АП)

    Папата Фрањо ги подгреа гласините за иднината на неговиот понтификат со тоа што најави дека во август ќе го посети италијанскиот град Аквила на празникот инициран од папата Селестин Петти, еден од ретките понтифи кои поднесоа оставка пред папата Бенедикт Шеснаесетти да се повлече во 2013. Италијанските и католичките медиуми се преполни со шпекулации дека 85-годишниот Фрањо можеби планира да ги следи стапките на Бенедикт, со оглед на неговите зголемени проблеми со подвижноста поради што последниот месец користи инвалидска количка.

    Тие гласини се засилија минатата недела, кога Фрањо објави собир за избирање 21 нов кардинал закажан за 27 август. Шеснаесет од тие кардинали се помлади од 80 години и имаат право да гласаат на конклавата за избор на наследник на Фрањо. Откако ќе бидат избрани, Фрањо ќе го натрупа Советот на кардинали со 83 од 132 кардинали на возраст за гласање. Иако не постои гаранција за тоа како би можеле да гласаат кардиналите, шансите тие да изберат наследник кој ги дели приоритетите на Фрањо стануваат сè поголеми.

    Во објавувањето на собирот за 27 август, Фрањо исто така најави дека следната недела ќе биде домаќин на дводневни разговори за да ги информира кардиналите за неговиот неодамнешен апостолски устав со кој се реформира бирократијата на Ватикан. Тој документ, кој стапува на сила в недела, им дозволува на жените да раководат со канцелариите во Ватикан, наметнува ограничувања на мандатот на свештеничките вработени во Ватикан и ја позиционира Светата столица како институција во служба на локалните цркви, наместо обратно.

    Фрањо беше избран за папа во 2013, со мандат да ја реформира Римската курија. Сега, кога деветгодишниот проект е реализиран и барем делумно имплементиран, главната задача на Фрањо како папа на некој начин е постигната. Сето тоа направи саботната, инаку рутинска најава за пастирска посета на Аквила, да има поголема шпекулативна тежина отколку што инаку би можела да има. Забележителен беше тајмингот: Ватикан и остатокот од Италија обично се на одмор во август до средината на септември. Повикувањето на голем собир кон крајот на август за да се изберат нови кардинали, собирањето црковни луѓе на дводневни разговори за спроведување на неговата реформа и правењето симболично значајна пасторална посета сугерира дека Фрањо можеби има на ум нешто невообичаено.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира