ПАПАТА ГИ ПОВИКА УНГАРЦИТЕ ДА ГИ ОТВОРАТ ВРАТИТЕ ЗА МИГРАНТИ

    ПАПАТА ГИ ПОВИКА УНГАРЦИТЕ ДА ГИ ОТВОРАТ ВРАТИТЕ ЗА МИГРАНТИУнгарија е предводена од влада со националистичка антиимигрантска политика. - Премиерот Орбан со папата Фрањо (Фото: Твитер)

    Папата Фрањо ги повика Унгарците да ги отворат вратите за мигранти, на крајот на неговата посета на Унгарија, која е предводена од влада со националистичка антиимигрантска политика. Зборувајќи на голем собир во престолнината Будимпешта, тој кажа дека е „тажно и болно“ да се гледаат затворени врати за луѓе кои „не се различни од нас“.

    Околу 100.000 луѓе присуствуваа на собирот, вклучувајќи го премиерот Виктор Орбан.

    Папата Фрањо побара од сите во Унгарија, посебно оние со политичка и општествена одговорност, да бидат поотворени. Тој зборуваше за „затворените врати на нашата себичност во однос на другите… вратите кои ги затвораме за мигрантите и сиромашните“.

    Во обраќањето, 86-годишникот ја спомена и војната во Украина и се помоли за „напатените луѓе во Украина и Русија“ и за „иднина со надеж, не со војна“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира