ПЕТ ЗАГИНАТИ И НАД 60 ПОВРЕДЕНИ ОД КОИ 12 ДЕЦА ВО РУСКИОТ РАКЕТЕН НАПАД ВРЗ СТАНБЕНА ЗГРАДА ВО ДНЕПАР

    ПЕТ ЗАГИНАТИ И НАД 60 ПОВРЕДЕНИ ОД КОИ 12 ДЕЦА ВО РУСКИОТ РАКЕТЕН НАПАД ВРЗ СТАНБЕНА ЗГРАДА ВО ДНЕПАР20 луѓе се спасени од станбениот блок каде цел дел од зградата беше претворен во урнатини. (Фото: Гувернер на регионот Днепар)

    Русија денеска изврши голем ракетен напад врз Украина, кој уништи деветкат станбен блок во градот Днепар при што загинаа најмалку пет лица, а беа погодени и витални енергетски објекти, соопштија властите. Украинскиот министер за енергетика рече дека следните денови ќе бидат тешки, бидејќи руското бомбардирање на електричната мрежа кое трае со месеци го загрозува снабдувањето со електрична енергија, вода и централно греење во екот на зимата.

    Во источниот централен град Днепар крај истоимената река, 20 луѓе се спасени од станбениот блок каде цел дел од зградата беше претворен во урнатини, изјави заменик-шефот на претседателскиот кабинет на Украина. Пет лица загинаа, а најмалку 60 луѓе, меѓу кои 12 деца, исто така беа ранети во нападот, а повеќе луѓе се уште се заробени под урнатините, рече регионалниот гувернер.

    „Трагедија. Отидов на локацијата… Ќе поминуваме низ урнатините цела ноќ“, рече Борис Филатов, градоначалник на градот што произведува ракети.

    Нападот денеска се случи додека западните сили размислуваат да испратат борбени тенкови во Киев и пред состанокот на украинските сојузници во Рамштајн во Германија следниот петок, каде владите ќе ги објават своите најнови ветувања за воена поддршка.

    На линијата на фронтот на исток, Украина рече дека нејзините сили се борат да ја задржат контролата врз малиот град Соледар каде Русија жртвуваше голем број војници и ресурси за да се обиде да обезбеди некаков напредок по неколкумесечни неуспеси.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира