ПЕТМИНА ПАЦИЕНТИ СО КОВИД-19 ЗАГИНАЛЕ ВО ПОЖАР ВО РУСИЈА ПО КРАТОК СПОЈ ВО РЕСПИРАТОР

    ПЕТМИНА ПАЦИЕНТИ СО КОВИД-19 ЗАГИНАЛЕ ВО ПОЖАР ВО РУСИЈА ПО КРАТОК СПОЈ ВО РЕСПИРАТОРПожарот избувнал на одделот за интензивна нега (Фото: ТАСС)

    Најмалку пет пациенти со КОВИД-19 загинале во пожар во болница во Санкт Петербург.

    Пожарот бил предизвикан од краток спој во еден од респираторите на одделот за интензивна нега, објавија руските државни медиуми. Тој бил ставен под контрола, а 150 луѓе биле евакуирани од болницата. Не е познато колку повредени има.

    „Респираторите се преоптоварени и тоа довело до краток спој во една од машините“, кажаа од болницата.

    Сите петмина загинати биле приклучени на респиратор.

    Русија од вчера е трета земја според бројот на случаи на коронавирус, но и покрај тоа, Владимир Путин објави дека рестрикциите ќе бидат ублажени и дека луѓето можат да се вратат на работа. Во земјата вчера беа регистрирани нови 11.656 случаи на зараза, најмногу во еден ден досега.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира