ПО 18 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА СОПСТВЕНИКОТ И  ЗА АРХИТЕКТОТ НА ХОТЕЛОТ КОЈ СЕ УРНА ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И ЗАГИНАА 72 ЛИЦА

    ПО 18 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА СОПСТВЕНИКОТ И  ЗА АРХИТЕКТОТ НА ХОТЕЛОТ КОЈ СЕ УРНА ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И ЗАГИНАА 72 ЛИЦАСедумкатницата се урна за миг во земјотресот на 6 февруари 2023. (Фото: АФП)

    Судот во Турција ги осуди на затвор сопственикот и архитектот на хотелот кој се урна во земјотресот во 2023 година, при што загинаа 72 лица. Сопственикот на „Исијас гранд“, Ахмет Бозкурт, и архитектот Ердем Јилмаз добија по 18 години и пет месеци, објави официјалната новинска агенција Анадолу. Синот на Бозкурт, Мехмет Фатих, е осуден на 17 години и четири месеци, се вели во соопштението.

    Хотелот, во југоисточниот град Адијаман, беше домаќин на училишен одбојкарски тим од Северен Кипар под контрола на Турција и група туристички водичи кога минатиот февруари се случи земјотресот. Тројцата мажи беа осудени за „предизвикување смрт или повреда на повеќе од едно лице од свесно невнимание“, објави Анадолу.

    Премиерот на кипарските Турци, Унал Устел, рече дека казните се премногу благи и дека властите ќе се жалат, објави новата агенција АФП.

    „Сопствениците на хотели не ја добија казната што ја очекувавме“, рече Устел. „Но, и покрај тоа, сите, од одговорните во изградбата на хотелот до архитектот, беа осудени. Тоа нè направи делумно среќни“.

    Повеќе од 50.000 луѓе загинаа во Турција и Сирија во земјотресот на 6 февруари 2023.

    Околу 160.000 згради се урнаа или беа тешко оштетени, оставајќи 1,5 милиони луѓе без покрив над главата. Турската влада неколку недели подоцна соопшти дека стотици луѓе се под истрага и дека биле уапсени речиси 200 луѓе, меѓу кои и градежни изведувачи и сопственици на имот.

    Група од 39 луѓе, момчиња и девојчиња, наставници и родители од турскиот образовен колеџ Фамагуста, отпатуваа во Адијаман на одбојкарски турнир кога се случи земјотресот. Четворица родители биле единствените преживеани меѓу нив. Тие успеале да се ископаат од урнатините, додека други 35, меѓу кои и сите деца, загинале. Одбојкарската група го одбра седумкатниот „Исиас гранд“, заедно со дури 40 туристички водичи кои беа таму на тренинг. Тоа беше еден од најпознатите хотели во Адијаман, но се урна за моменти.

    „Исиас“ работеше од 2001, но, според научната анализа, при градењето чакал и песок од локалната река беа измешани со други градежни материјали за да ги формираат столбовите што ја поддржуваат зградата. Огромните размери на уривања на згради во земјотресот поттикнаа широки критики за турската влада која поттикна градежен бум но не ги спроведуваше градежните прописи кои беа заострени по претходните катастрофи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира