ПОД МРАЗ СЕ 200 МИЛИОНИ АМЕРИКАНЦИ, ДОСЕГА 19 ЖРТВИ

    ПОД МРАЗ СЕ 200 МИЛИОНИ АМЕРИКАНЦИ, ДОСЕГА 19 ЖРТВИНад 5.600 летови беа откажани пред празничниот викенд. (Фото: АП)

    Околу 200 милиони Американци го чувствуваат ледениот стисок на огромната зимска бура, во која досега има најмалку 19 смртни случаи пред празничниот викенд. Повеќе од 1,5 милиони луѓе останаа без струја, а над 5.600 летови беа откажани. Огромната бура се протега на повеќе од 3.200 километри од Тексас до Квебек.

    Циклонот – бомба, кога опаѓа атмосферскиот притисок, донесе услови за снежна бура во Големите Езера на границата меѓу САД и Канада. Во Канада, Онтарио и Квебек го поднесоа најголемиот дел од Арктичката бура, каде без струја останаа стотици илјади жители.

    Голем дел од остатокот од земјата, од Британска Колумбија до Њуфаундленд, е под предупредувања за екстремен студ и зимско невреме. Температурите во Елк Парк, Монтана, паднаа на -45 степени Целзиусови, додека градот Хел, Мичиген, замрзна. Дури и во вообичаено потоплите јужни држави Луизијана, Алабама, Флорида и Џорџија има предупредувања за голем мраз.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира