ПОЛИЦИЈАТА ДЕАКТИВИРА БОМБА ВО ЦЕНТАРОТ НА ОСЛО И УАПСИ ОСОМНИЧЕН

    ПОЛИЦИЈАТА ДЕАКТИВИРА БОМБА ВО ЦЕНТАРОТ НА ОСЛО И УАПСИ ОСОМНИЧЕНПолицијата доцна синоќа ги евакуираше луѓето од баровите и ресторните во центарот на Осло каде беше најдена експлозивна направа (Фото: АП)

    Полицијата во норвешкиот главен град Осло рече дека е неутрализирана експлозивна направа најдена во густо населена област во центарот на градот доцна синоќа, и соопшти дека уапсила осомничен. Началникот на полицијата потврди дека во уредот, првично опишан како “направа што личи на бомба”, имало експлозив. На твитер профилот полицијата соопшти дека направата била деактивирана односно неутрализирана. Полицијата нема да даде никакви детали за осомничениот, или други информации за уредот.

    Полицијата рече дека уредот е пронајден на улица близу метро станица во строгиот центар на градот. Полицијата ја блокирала областа за да ги евакуира луѓето од баровите и рестораните. Норвешка е во состојба на готовност откако соседна Шведска доживеа напад со камион во главниот град во кој загинаа четири лица, а беа повредени 15. Осомничениот за нападот од петокот, 39-годишниот маж роден во Узбекистан, е уапсен. Не е познато дали тој е и шведски државјанин или жител и колку долго бил во земјата.

    Инцидентот во Осло се случи на километар од владините згради кои беа оштетени во смртоносниот бомбашки напад на екстремниот десничар Андерс Брејвик во 2011, при што загинаа вкупно 77 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира