ПОЛИЦИЈАТА УПОТРЕБИ СОЛЗАВЕЦ НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА ВО АТИНА, НИШТО ОД ОЧЕКУВАНИТЕ 600.000 ДЕМОНСТРАНТИ

    ПОЛИЦИЈАТА УПОТРЕБИ СОЛЗАВЕЦ НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА ВО АТИНА, НИШТО ОД ОЧЕКУВАНИТЕ 600.000 ДЕМОНСТРАНТИДемонстрантите се судрија со полицијата кога се обидоа да се доближат до грчкиот парламент (Фото: Ројтерс)

    Десетици илјади Грци се собраа на протестот против Договорот од Преспа во Атина, со кој се решава 27 години стариот спор помеѓу Грција и Македонија и што се очекува да биде ратифициран во грчкиот парламент во наредните денови.

    Полицијата во еден момент фрли солзавец, кога демонстрантите се обидоа да пристапат кон скалите пред парламентот, извикувајќи „Македонија е грчка“.

    Ова беше еден од најголемите протести во Грција во врска со спорот за името со Македонија, но грчките медиуми објавија дека очекуваната бројка од 600.000 луѓе ни оддалеку не беше постигната. Организаторите најавуваа дека од северна Грција ќе пристигнат 3.000 автобуси, но според полицијата, до 14 часот по локално време, околу 300 автобуси влегоа во градот, како и 60 од правецот на Пелопонез.

    Меѓу оние кои се обратија на протестот беа поранешниот грчки премиер Алексис Самарас и претставниците на грчко-американската заедница и на Грчката православна црква од Атос.

    Откако грчкиот парламент во средата ѝ изгласа доверба на владата на Алексис Ципрас, се очекува следната недела таму да помине и Договорот од Преспа, како следниот чекор во нормализирањето на односите со Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира