ПОЛСКА ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА ЕВРОПА Е НАЈБЛИСКУ ДО ВОЈНА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 30 ГОДИНИ

    ПОЛСКА ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА ЕВРОПА Е НАЈБЛИСКУ ДО ВОЈНА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 30 ГОДИНИРусија кажа дека разговорите со САД и НАТО оваа недела биле неуспешни (Фото: ЕПА)

    Европа е поблиску до војна од кога било во последните 30 години, предупреди полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау за време на третата рунда дипломатски разговори оваа недела, кои имаат за цел да ги смират тензиите околу Украина. Рау не ја именуваше Русија на состанокот на ОБСЕ, но спомна низа конфликти во кои што Москва наводно била вмешана.

    „Се чиии дека ризикот од војна во регионот на ОБСЕ сега е поголем од кога било во изминатите 30 години. Веќе неколку недели се соочуваме со можноста од голема воена ескалација во источна Европа. Треба да бидеме фокусирани на мирно решавање на конфликтот во и околу Украина, со целосно почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и единството на Украина во нејзините меѓународно признати граници“, кажа Рау.

    Во изминатиот период, Русија распореди 100.000 војници покрај границата со Украина, која веќе се бори со проруските сепаратисти во источниот дел на земјата. Киев претходно изрази стравувања дека Русија планира инвазија на крајот на јануари, што Москва го демантира.

    Денешните разговори во Виена се први на кои што и Украина има претставник. Претходните министерски разговори Русија-САД и Русија-НАТО не донесоа јасен напредок. Русија кажа дека тие биле неуспешни и дека остануваат несогласувањата по главните проблеми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира